09/06/2025

Напад во црква во Хамбург- има убиени и повредени

Непознат напаѓач застрела најмалку седум лица и повреди уште неколку други во салата на Јеховините сведоци во Хамбург, објавија вчера германските медиуми.

Според првичните информации, околу 21 часот по локално време еден или повеќе сторители отвориле оган во сала во хамбуршкиот кварт Алстердорф. Во таа прилика загинаа најмалку седум лица, а повеќе беа ранети, од кои неколку потешко.

Полицијата преку апликацијата за тревога ги повика жителите да се засолнат и да не ги напуштаат домовите сѐ додека насилникот или сторителите се во бегство.

„Барајте засолниште што е можно побрзо“, се вели во пораката.

Од полицијата соопштија дека засега немаат информации за сторителите или за евентуален мотив.

Воедно, се повикуваат граѓаните да не шират неточни информации преку социјалните мрежи.

Полицијата на Твитер соопшти дека е во тек голема операција за пронаоѓање на сторителите во градската област Алстердорф.

Споделете