Конте признава дека би можел да добие отказ пред крајот на сезоната

Meнаџерот на Тотенхем, Антонио Конте верува дека може да добие отказ пред крајот на сезоната. Договорот на италијанскиот фудбалски стручњак е со важност до крајот на претстојното лето.
Вчеравечер Спарс беа елиминирани од Лигата на шампионите по поразот во 1/8 финалето од Милан (0:1, 0:0).
-Имам договор со Тотенхем, на крајот на сезоната ќе одлучиме со клубот што ќе се случува понатаму. Може да бидам отпуштен и пред крајот на сезоната, изјави Конте за „Гардијан“.
Антонио Конте го презеде Тотенхем Хотспур во ноември 2021 година. Клубот е на 4-то место во поредокот во Премиер лигата.