08/06/2025

Герила акција: Броилото на Ковачевски сепак врти…и тоа пред неговиот дом

Утрово пред домот на премиерот Димитар Ковачевски осамна транспарент на кој пишува „Броилото сепак се врти“.

Премиерот Ковачевски е вмешан во бизнисот со соларни панели, бизнис вреден неколку десетици милиони евра кои беа доделени на фирмите на неговиот кум и неговата сопруга каде порано официјално стоеше името и на самиот Ковачевски.

Во близина на домот на Ковачевски се појави ваквата герила, на платно каде има потсетување дека и во кризните времиња броилото за пари на премиерот сепак врти.

Споделете