09/06/2025

Билиќ отпуштен од Вотфорд

На славниот хрватски менаџер му беше врачена оставка од страна на клубот од лондонската периферија!

Славен Билиќ доби отказ од управата на Вотфорд. Хрватскиот тренер пред помалку од половина година дојде во англискиот второлигаш.

Како главна причина за отказот се наведува заостатокот од четири бодови до шестото место на табелата, кое води во разигрувањата за пласман во елитниот фудбалски ранг, Премиер лигата.

Вотфорд моментално е деветти во Чемпионшип, а новиот тренер се очекува да биде претставен до крајот на оваа недела.

Споделете