08/06/2025

Дел од корисниците на Булевар АСНОМ утре ќе бидат без вода

Поради замена на затварач (шибер) на булеварот „АСНОМ“ 12, утре со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ од број 4 до број 20.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на дефектот.

Споделете