08/06/2025

Приведен крадец во Скопје баран со централна потерница

policija-noke

На 25.10.2022 во 17.30 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(20) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од кривичниот законик. Лицето било спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.

Споделете