09/06/2025

Кемал Киличдароглу ќе му биде противкандидат на Реџет Таип Ердоган на претседателските избори

Турскиот опозициски блок кој е составен од шест партии го назначи лидерот на најголемата опозициска партија, Кемал Киличдароглу, за заеднички кандидат кој на претседателските избори во мај ќе се натпреварува во претседателската трка против актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Познат како „Ганди Кемал“ или „турскиот Ганди“ поради неговата сличност со индискиот лидер за граѓански права Махатма Ганди, 74-годишниот Киличдароглу важи за целосна спротивност од Ердоган.

Опозицискиот блок вети дека ќе ја врати парламентарната демократија во Турција доколку го тргне Ердоган од претседателската функција, со што ќе се стави крај на претседателскиот систем што тој го воведе.

Алијансата најави најави укинување на голем број одлуки на Ердоган во секторите економија, граѓански права и надворешна политика.

Ердоган исто така се соочува со економски потешкотии и жестоки критики за неадекватниот одговор на владата на последиците од катастрофалните земјотреси.

Споделете