Две лица се убиени, еден потешко повреден во вчерашното пукање на Кале

Министерството за внатрешни работи соопшти првични информации за двојното убиство кое синоќа се случи во Старата скопска чаршија.
Официјално, две лица се усмртени, а едно е повредено во пукањето кај Кале.
-Во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош, велат од МВР.
Откако на А.Т. му е направена хируршка интервенција, пуштен е на домашно лекување.
Според информациите со кои располагаме убени се Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исеинов викан Лаци.
Јетон Кривањева често се спомнуваше во медиумите како припадник на нарко кланот Дуќанџик-Грчец, близок до одредени раководни лица од ДУИ.