09/06/2025

Пендаровски се сретна со Лорд Стјуарт Пич

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Лорд Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

На средбата се потврди долгогодишното партнерство и пријателство меѓу РепубликаМакедонија и Обединетото Кралство кое се отсликува преку постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес, а билатералните односи се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво.

Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, безбедносната ситуација во регионот и Европа во контекст на војната во Украина, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.

Споделете