09/06/2025

Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер денес делеа храна: Не постои повозвишено и поубаво чувство од искрена прегратка и силно стисната рака како резултат на твоите дела

– Не постои повозвишено и поубаво чувство од искрена прегратка и силно стисната рака како резултат на твоите дела, напиша градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој денес заедно со Отец Оливер и хуманитарната организација Св. Спас делеа пакети со храна на социјално загрозени семејства.

– Оваа приказна која започна пред 7 години, чија главна цел е борба против гладот и сиромаштијата, денес под своја закрила има неколку стотици семејства на кои директно им обезбедува помош и стои позади оние на кои судбината не била на нивна страна. И оваа приказна, мора да се напомене, не би била така успешна без Отец Оливер, мојот драг пријател и човек кој навистина е благослов да се има покрај себе, благослов е да го има Македонија, како и групата ентузијасти и волонтери кои даваат надеж на голем број жители во државата и со силна желба извршуваат работа достојна за почит, додава Ѓорѓиевски.

– Јас секогаш ќе бидам тука за мојот народ! Само заедно, сплотени и поддржувајќи се ќе успееме да ги промениме работите на подобро!, напиша градоначалникот.

Споделете