Лавров: Западот ќе ги измами Србите, како што нѐ измами и нас

За потсетување, ревидираната верзија на Договорот од Минск беше потпишана во февруари 2015 година во главниот град на Белорусија.
Реткиот состанок на руските, украинските, германските и француските лидери имаше за цел воспоставување мир во областите на Украина кои беа заземени од проруските сепаратисти пред една година. Сепак, Договорот од Минск никогаш не беше целосно имплементиран во пракса, а неговите клучни прашања сè уште не се решени.
„Иста приказна: измамата на Србите во однос на заедницата на српските општини на Косово, измамата на Русија во однос на договорот од Минск“, рече Лавров во Њу Делхи, каде во моментов учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Г20.
Лавров смета дека западните земји немаат намера да ги спроведуваат договорите поврзани со Србите на Косово, исто како што не биле подготвени да ги исполнат барањата од Договорот од Минск. Тој додаде дека потписниците на Минскиот договор искрено признале дека овој договор с неопходен за да се подготват за војна против Русија.