08/06/2025

Карло Анчелоти за поразот во дербито: Бевме добри, но ни недостасуваше ефикасност

Meнаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, оценува дека Барселона незаслужено го совладала неговиот тим на вчерашниот прв полуфинален натпревар во рамките на шпанскиот куп, во кој гостите од Каталонија триумфираа (1-0) благодарение на автоголот на Милитао.

Анчелоти рече дека Реал одиграл добар натпревар, но неговите играчи потфрлиле во ефикасноста.

„Ранети сме, но сигурен сум дека со ваква игра ќе се пласираме понатаму. Мислам дека тие (Барселона) не ја заслужија победата. Беше изненадување да се гледа Барселова во вакво дефанзивно издание, но тие научија добро да се бранат, и во тој аспект беа навистина добри“, изјави Анчелоти.

Реваншот во Барселона е на 5 април, а ден претходно се игра реваншот и на вториот полуфинален натпревар меѓу Атлетик – Билбао и Осасуна.

Споделете