08/06/2025

Следната средба на Вучиќ и Курти ќе биде во Охрид

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи во Охрид, каде ќе се сретнат српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти. Каква порака се испраќа со ова за Македонија, пишува ДВ.

Според нив, за македонската влада европскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е исклучително важен за иднината и стабилноста на регионот, а Македонија уште еднаш докажува дека е фактор на стабилност, како земја членка на НАТО, земја која ги почна преговорите со ЕУ, и земја која претседава со најголемата безбедносна организација во Европа – ОБСЕ.

На 18 март ќе се случи посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на Македонија на 18-ти март, како и средбата Вучиќ- Курти планирана истиот ден во земјава.

За косовскиот премиер Албин Курти, изборот на Македонија за домаќин на следната средба на високо ниво во рамките на дијалогот Белград-Приштина, е симболичен.

„Да не заборавиме дека на 9-ти јуни 1999 година во Куманово беше потпишана капитулацијата на Милошевиќeва Југославија, и влезот на силите на НАТО. Мислам дека овие симболични елементи на Македонија беа многу важни за европскиот шеф на дипломатијата, Жозеп Борел, да нѐ покани во Македонија на следниот состанок на високо ниво“, изјави Курти.

Според дел од медиумите гледаат одредена симболика, но во контекст на договори кои затвориле дологогодишен спор.

„Меѓутоа, освен Кумановскиот договор што го спомнува Курти, постои понов договор зад кој застана ЕУ, и кој многу повеќе би можел да се поврзе симболички за Северна Македонија“, коментира српски „Данас“, посочувајќи го како пример Преспанскиот договор, и со детали од хронологијата до неговото финиширање.

За разлика од оваа, и симбликата што ја посочи Курти, српскиот претседател Александар Вучиќ воопшто не дава такво значење за изборот на место на средбата.

„Ништо. Борел оди во Северна Македонија, па вели – да дојдеме таму. Оди човекот на пат, па ние да се најдеме со него таму, додека човекот е на пат“, рече Вучиќ во интервју за РТС.

Споделете