МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во железничката несреќа во Грција

МНР соопшти дека во железничката несреќа во Грција засега нема информации дека меѓу загинатите или повредените лица има државјани на Македонија.
– Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција, известуваме дека досега ниту до Министерство ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и државјани на Македонија, велат тие.
Амбасадата на Република Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.
Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција.