Фото: Тешка железничка несреќа во Грција. Десетици загинати и повредени

Најмлаку 32 луѓе загинаа, а 85 се повредени во судар на два воза во Грција, во блзина на градот Лариса околу полноќ, објавија пожарникарите. Се судрија товарен и патнички воз, а спасувачките тимови извлекуваат луѓе од смачканите вагони.
„Ова е ужасна ноќ. Беше многу силен удар. Тешко е да се опише глетката“, вели преживеан патник од несреќата.
Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани.

Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз.

Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.
Евакуацијата на патниците е во тек во многу тешки услови со оглед на сериозноста на судатор на возовите, изјави портпаролот на пожарната служба Василис Вартакогианис.
Во тек е спасувачка акција и идентификација на жртвите.
