Бектеши: Можно е враќање на дневната евтина тарифа на струјата, од март и повисоки плати

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтината тарифа на струјата.
Како што истакна Бектеши во обраќањето на настанот по повод презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“, од март ќе се зголеми минималната плата.
Бектеши најави и дека ќе се донесат неколку административни одлуки за да се заштитат најранливите категории граѓани.
-Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1-ви јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евтина тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнителна можност за тие што се дома во тој период од денот на индиректен начин да бидат поддржани, рече Бектеши.