08/06/2025

Невил за финалето во лига купот: Она што Јунајтед го прави денес беше незамисливо пред шест месеци

Манчестер Јунајтед ocтвари триумф во Лига купот „Карабао“ и го прекина постот без освоени трофеи. Голем дел од заслугите за овој успех фановите го припишуваат на адреса на менаџерот Ерик тен Хаг, кој успеа да го трансформира тимот и да го промени пристапот во споредба со минатата сезона. Некогашниот фудбалер на Јунајтед, Гери Невил, по финалето на „Вембли“ ги истакнал разликите кои се забележуваат по пристигнувањето на Тен Хаг.

– Секој фудбалер го дава својот максимум на теренот и тоа е најважно. На крајот на минатата сезона перформансите на дел од овие исти фудбалери беа опишани како засрамувачки од моја страна, па и од други коментатори.Пресвртот под водство на Тен Хаг е неверојатен, овој трофеј е многу важен бидејќи ќе донесе дополнителна самодоверба. Овој тим ќе биде поопасен со медал околу вратот, затоа што очекуваме менаџерот да ги подобри дополнително. Она што Јунајтед го прави сега за мене беше незамисливо пред шест месеци.

Последниот успех на популарните „црвени ѓаволи“ од Олд Трафорд беше во 2017 година кога го подигнаа пехарот на Лига Европа, второто по популарност најголемо натпреварување во европскиот фудбал под водство на големиот Жозе Мурињо.

Манчестер Јунајтед вчера на Вембли во финалеото од Карабао Лига Купот го порази стариот ривал од деведесетите Њукасл Јунајтед со резултат од два спрема нула co головите на Маркус Рашфорд и новата аквизиција Касемиро. Освојувањето на Карабао купот за јунајтед ќе значи директен пласман во Европската Конфедерациска Лига третото по ранг најпопуларно фудбалско натпреварување во Европа дури и ако немаат добар пласнман во домашното првенство!

Споделете