ДКСК ќе ја истражува куќата на Таравари во Тафталиџе

ДКСК ќе истражува под кои услови лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари го купил имотот во скапата скопска населба Тафталиџе.
Истрагата на ДКСК почнува откако оваа тема имаше собраниската расправа за избор на нови министри од редовите на Алијанса, која одлучи да влезе во владата на СДСМ и ДУИ.
На расправата беа извадени докази дека Таравари купил сомнително евтина куќа од тајкун од ДУИ.
„Државната комисија за спречување на корупцијата на колегиумот одржан на 24.02.2023 година, по сопствена иницијатива, оформи предмет за проверка на наводите дека градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари купил недвижност во Скопје од друг јавен функционер, за сума помала од пазарната“, велат од ДКСК.
Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Собранието го обвини Таравари дека куќата ја добил на подарок поради тоа што ја трансформирал АА од опозициска во владејачка партија, ДКСК ќе утврдува дали има матни зделки во купувањето на куќата на Таравари.