Абази ќе ги прегледува „бомбите“ на Боки

Првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет и делегирал јавен обвинител кој ќе го сослушува Бојан Јовановски-Боки 13 и кој ќе ги земе „бомбите“ односно аудио разговорите, видео снимките, транскриптите.
Од Обвинителството за „Макфакс“ посочуваат дека ќе ги земат сите материјали од Боки 13, а за кои осудениот посочи дека се докази за сторени кривични дела на личности од политиката, правосудниот систем и бизнис елитата.
Оттаму посочуваат дека сослушувањето не може да го прави лично шефот Абази, како што бараше Боки 13, оти тоа според Законот за јавно обвинителство, го прават избраните обвинители.