Кристијано Роналдо со сабја во раката го одбележа денот на Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо полека почнува да ги учи празниците и традициите на Саудиска Арабија, а тоа го покажа вчера на 22-ри февруари, Ден на основањето на Кралството. По тој повод Ал-Наср го повика целиот тим да го прослават и оддадат почит на овој важен ден за Саудиска Арабија.
Роналдо беше облечен како локален жител во најубавите наметки за да го одбележи денот на основањето на Кралството од имамот Мохамед бин Сауд во февруари 1727 година, пренесуваат од британски „Телеграф“.
Ова е само втор пат како се одбележува овој празник откако кралот Салман бин Абдулазиз издаде кралски декрет на 27.01.2022 година, годишнината од основањето на земјата да се слави секој 22 февруари.
Роналдо танцуваше и се фотографираше со сабја во раката и го одбележа значајниот ден на Саудиска Арабија заедно со своите соиграчи и стручниот штаб на чело со Руди Гарсија.