09/06/2025

Бројката на загинати во земјотресот во Турција и Сирија надмина 52.000

Бројката на загинати во разорниот земјотрес што ја погоди Турција се искачи на 43.556, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Тој за телевизијата ТРТ Хабер изјави дека по првиот и најсилен земјотрес следеле околу 7.930 помали потреси и наведе дека над 600.000 станови и 150.000 деловни простории претрпеле штета.

На 6-ти февруари Турција и Сирија беа погодени од силни земјотреси со интензитет од 7.7 и 7.6 степени според Рихтеровата скала. Бројот на загинати во Сирија надмина 8.500 како што соопшти директорот за итни случаи на СЗО во регионот на источниот медитеран Рик Бренан.

Турската провинција Хатај беше погодена од уште два силни земјотреси на 20-ти февруари со интензитет од 6.4 и 5.8 степени по Рихтер.

Споделете