Николоски: Стразбур не ги одби апликациите на Иванов како што спинува власта, само го помести одлучувањето, да поминат сите правни лекови во Македонија

Последната одлука во Стразбур, поврзана со аболициите на претседателот Иванов, за мене очекувана, но факт е дека тука се работи за политички прогон и факт е дека сите луѓе кои беа предмет на обработка на СЈО беа предмет на обработка по поличка наредба, класични политички случаи, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за „Јанко јади бурек“ на ТВ Сонце, потенцирајќи дека одлуката на Судот во Стразбур не значеше одбивање на пресудите туку е поместено одлучувањето за кога ќе завршат сите правни лекови во Македонија.
– Суштината на европскиот суд за човекови права е следна. Таму можете да поднесете апликација или доколи сите правни лекови се исцрпени, односно поминат се Основен суд, Апелационен, Врховен, некаде и Уставен суд, тоа е опција А. Или опција Б доколку има неправедно или долго задржување во притвор. Судот покрива територија од 550 милиони жители сега без Русија од 420 милиони и ако сите поднесуваат апликации судот нема да може да ги архивира камо ли да донесе пресуди. Одлуката е очекувана и кога ќе завршат сите правни лекови во Македонија, тогаш е прашање каква пресуда ќе донесе, рече Николоски.
Николоски појасни дека треба да се сфати дека оваа одлука на Судот во Стразбур не значи одбивање на апликациите како што спинуваа од власта, туку нема да се одлучува сега, туку кога ќе завршат сите правни лекови во Македонија. Што значи само го поместија одлучувањето, а не донесоа ни позитивна ни негативна одлука.
– Јас сум член на Комитетот за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, единствен од Македонија и од регионот. Тоа е Комитет кој следи што се случува со пресудите откако ќе бидат донесени, затоа што бројни земји членки на Совет на Европа одбиваат да ги спроведат. Една таква е Бугарија. Само за Македонците во Бугарија има 16 такви пресуди кои Бугарија одбива да ги спроведе, истакна тој.
Николоски додаде дека имајќи предвид дека е таква ситуација на последната сесија Парламентарното Собрание на Совет на Европа во јануари разговарало за создавање на механизми кои ќе ги присилат земјите членки да ги спроведуваат пресудите.
– Затоа во мај месец во Рејкјавик, Исланд ќе има голем самит на кој ќе се донесат такви механизми, нагласи Николоски.