Двајца загинати, најмалку 57 лица заробени под земја откако се урна рудник во Кина

„Најмалку 57 лица се водат како исчезнати“, објави телевизијата, а „на местото на несреќата пристигнале повеќе од 200 спасувачи“.
Малку порано државната агенција „Xinhua“ објави дека околу педесетина рудари останале заробени под земја во уривањето на отворениот рудник за јаглен во Алкса Лига, на запад од провинцијата. Медиумите јавија дека загинале две лица.
„Несреќата се случила во среда попладне, а според првите резултати од истрагата се затрупани повеќе од 50 лица“, пренесува „Xinhua“.
„Во 17.13 часот (10.13 часот по средноевропско време) од рудникот беа извлечени тројца рудари, од кои двајца не даваа знаци на живот“, се додава.
Безбедноста во рудниците е подобрена во последните децении во Кина, како и известувањето за несреќи, кои порано се премолчуваа.
Но, несреќите сепак се случуваат редовно поради самата природа на работата и поради непочитување на безбедносните прописи. На крајот на декември, 40 рудари загинаа во уривање на рудник за злато во провинцијата Ксинџијанг, на северозапад.
Во декември 2021 година, двајца рудари загинаа во поплавен рудник за јаглен во северниот дел на Шанкси, а 20 беа спасени во спасувачка операција. Во септември 2021 година, во северозападната провинција Кингхаи, 19 рудари кои беа закопани во рудник за јаглен беа пронајдени мртви по долга потрага, пренесе Индекс.хр.