Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло, наместа со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 4 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 23 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер и максимална дневна температура до 19 степени.
Од утре се очекува зголемување на облачноста, а промена на времето со повремени врнежи од дожд се очекува во недела и понеделник при што ќе дува умерен и повремено засилен ветер од север.