Обезбедувањето муниција за Украина може да го одреди исходот на војната

Mopa да се обезбеди доволно муниција за Украина да продолжи со одбраната од руска инвазија.
Европската Унија има задача да ги обезбеди потребните средства, порача денес високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Тој во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, рече дека тоа е најитното прашање.
– Ако не го сториме тоа, исходот од војната е во опасност, рече Борел.
Тој изјави дека руската артилерија истрелува околу 50.000 истрели дневно и дека Украина треба да биде на исто ниво. Според Борел, Украина има топови, но нема муниција.