09/06/2025

Трогателна глетка во турските градови по страшниот земјотрес! (ФОТО)

Фото: IHA

По разорниот земјотрес што се случи на 6-ти февруари Турција е центарот на светот.

Бројката на жртви надмина 45.000, а жителите на погодените подрачја секојдневно ги закопуваат своите блиски на празните парцели надвор од градовите меѓу кои и голем број на деца.

Фото: IHA

На гробиштата во провинцијата Кабасакал се погребани 418 лица кои не успеаја да се спасат од под урнатините.

Фото: IHA
Фото: IHA

Видео камерите на новинската екипа IHA забележале како на некои од гробовите има фотографии за препознавање на починатите, кај други нивните блиски оставале дресови од нивните омилени клубови, додека најемотивните кадри се оние каде има детски колички или капа која ја носело момчето на својот сунет.

Фото: IHA
Фото: IHA
Фото: IHA
Фото: IHA
Фото: IHA
Фото: IHA

Како што пренесува агенцијата, гробиштата секојдневно е полна со луѓе кои не можат да ги прежалат прерано починатите членови на нивните семејства.

Фото: IHA

На гробиштата била и една млада девојка која го барала гробот на својата учителка која многу ја сакала, а животот го загубила во потресот пред две недели, но за жал не можела да го пронајде нејзиното вечно почивалиште…

Споделете