Припадниците на АРМ од хуманитарната операција во Турција се враќаат денес

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска напладне ќе биде организиран пречек на припадниците на специјалните сили на Армијата кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Турција.
Армиски тим за заштита и спасување од Баталјонот за специјални сили, водачи и кучиња обучени за трагање кои учествуваа во хуманитарната операција во Турција, во областите кои беа погодени од катастрофалните земјотреси на 6 февруари годинава. Како што најави МО ќе бидат пречекани и поздравени од претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија Хасан Мехмет Секизќок и одбранбеното аташе на Турција во Скопје.