09/06/2025

Лажни се денешните дојави за бомби во Скопје

14062017131838_web_mvr_logo

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Споделете