08/06/2025

Рашфорд го израмни својот сопствен рекорд по голови во една сезона

Моментално најдобриот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд постигна гол на синоќешното гостување кај Барселона (2:2) во плејофот на Лига Европа и го израмни сопствениот рекорд.

Сега Рашфорд има 22 гола, исто колку што постигна во сезоната 2019/20.

Во тековната сезона, Рашфорд 12 пати се запиша во листата на стрелците во Премиер лигата, пет пати во англискиот Лига куп, четири гола даде во Лига Европа, еден во ФА Купот.

Со оглед на тоа дека крајот на сезоната 2022/23 е далеку, Рашфорд многу веројатно ќе постигне нов рекорд по ефикасност во дресот на „Црвените ѓаволи“.

Споделете