09/06/2025

Лионел Скалони останува селектор на Аргентина до 2026 година

После големиот триумф на Мундијалот во Катар, аргентинскиот селектор Лионел Скалони се договори со националниот сојуз за потпис на нов договор.

Сегашниот предводник на „гаучосите“ ќе остане селектор до СП 2026 година. Скалони уште пред Мундијалот имал начелен договор со федерацијата за продолжување на соработката. Лионел Меси ќе продолжи да соработува со новиот селектор, затоа што најдобриот фудбалер најави дека и натаму сака да го носи дресот на Аргентина.

Скалони на чело на Аргентина дојде после СП во Русија. Најпрво беше назначен за в.д. а потоа после смената на Сампаоли стана и официјално селектор на оваа земја.

Споделете