08/06/2025

Квалификации за ГН на Америка: Трета пол позиција за Карлос Саинз!

ПО КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ТРИУМФ НА СИЛВЕРСТОН И СПА, КАРЛОС САИНЗ ДОЈДЕ ДО ТРЕТАТА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ОВАА СЕЗОНА И КАРИЕРАТА.

Големата награда на Америка возачот на Ферари ќе ја започне од пол позицијата откако ги заврши квалификациите со најдобро време од 1:34.356 пред неговиот клупски колега Шарл Леклер, кој поради казна од 10 места за промена на погонската единица ќе стартува од средината на групата.

На негово место на втората позиција ќе стартува Макс Верстапен, додека неговиот клупски колега Серхио Перез од третата. Четвртата позиција му припадна на седумкратниот светски Луис Хамилтон, а првите 10 ги комплетираат: Џорџ Расел, Ленс Строл, Ландо Норис, Валтери Ботас, како и Александер Албон и Пјер Гасли кои се најдоа во ова друштво поради казните на Леклер и Алонсо.

Квалификациите ги засени смртта на ко-основачот и сопственик на Ред Бул Дитрих Матешиц кој почина на 78 годишна возраст.

Трката за Големата награда на Америка ќе се одржи вечерва во 21:00 часот на патеката COTA – Circut of the Americas во Остин, Тексас.

Споделете