Димитриеска-Кочоска: Во владата има голем раскол и нема капетан на бродот

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска-Кочоска открива дека на Македонија не ѝ е одобрена еврообврзницата од 600 милиони евра затоа што министерот за правда не сакал да стави потпис за да продолжи постапката.
– Ова е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот, напиша Димитриеска-Кочоска на својот фејсбук профил.
– Докторите немаат земено плата а изговор ви е дека ги чекате парите од еврообврзницата. Повеќе од јасно е дека тие пари нема да ги добиеме, додава таа.